„Форбс“: Реал „крал“ трета година по ред, демне Јунајтед

од Vladimir Zorba
25 прегледи

„Форбс“ ја објави листата на најбогатите клубови во светот. Првото место на листата го зазема Реал Мадрид, трета година по ред. Вредноста на „кралскиот клуб“ е 6,6 милијарди долари.

Манчестер Јунајтед е втор, а на Реал му „дише во врат“ со 6,5 милијарди долари. Јунајтед ја подигна својата цена кога малцинскиот сопственик на клубот стана Џим Ретклиф, британски милијардер, кој купи акции од американското семејство Глејзер.

По Јунајтед, третото место го зазема Барселона со 5,6 милијарди долари, а на четврто е Ливерпул со 5,4 милијарди.

Од петтото до десеттото место се Манчестер Сити (5,1), Баерн Минхен (5), ПСЖ (4,4), Тотенхем (3,2), Челзи (3,1) и Арсенал (2,6).

Слични содржини