Обвинение за 72-годишник кој сакал да гласа во име на сопругата

од Nikola Popovski
25 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на избирачко право од член 161 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот законик што значи дека станува збор за кривично дело сторено во обид.

Обвинетиот 72-годишен скопјанец, на 24 април годинава, за време на последните претседателски избори, на гласачко место во Основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир, се обидел да гласа наместо друг. Тој бил заменик-член на избирачки одбор и откако го остварил сопственото гласачко право, неовластено скинал уште едно гласачко ливче од кочанот со намера да гласа во име на неговата наводно болна сопруга. Се потпишал во име на сопругата во единствениот избирачки список, но не успеал во намерата да го стави ливчето во гласачката кутија, бидејќи бил спречен од страна на членовите на избирачкиот одбор.

Слични содржини