Владата донесе одлука: Ќе обезбеди гориво за автобусите на ЈСП за следните седум дена

од Milan1
164 прегледи

Владата ќе ги отвори стоковите резерви и ќе достави гориво за автобусите на ЈСП да можат редовно да сообраќаат низ главниот град, одлучено е на денешната вонредна владина седница. ЈСП во следниот период, ќе треба да направи тендер, со кој ќе обезбеди редовна набавка на гориво за своите автобуси.

– Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие.

Владата се вклучи во решавање на овој проблем, при што се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба. Со ова се овозможува да се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.

Денес меѓудругото Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.

Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај, соопштуваат од Владата.

Слични содржини