Медведев: Војната во Украина може да заврши доколку НАТО престане да го поттикнува конфликтот

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека конфликтот во Украина може да заврши доколку НАТО престане да ја поддржува и да ја поттикнува војната.

„Ако НАТО ја прифати реалноста и престане да го поттикнува конфликтот во Украина, оваа војна може да заврши без нови жртви“, рече Медведев во интервју за медиумската куќа Ал Арабија, пренесе ТАСС.

Тој ја коментираше и можноста за употреба на нуклеарно оружје, нагласувајќи дека Русија не сака да го користи и дека тоа би било „последна опција“.

Слични содржини