28
Иран во петок ќе разговара со Велика Британија, Франција, Германија и Европската унија за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу земјата и шесте големи сили, вклучително и три европски држави и САД, изјавија денеска ирански дипломатски извори за „Кјодо њуз“.
Преговорите, кои треба да се одржат во Женева, според тие извори, би се совпаднале со враќањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа во јануари.
Трамп се повлече од договорот за време на неговата прва администрација во 2018 година.