Банките и Владата се договорија за унгарскиот кредит

од Nikola Popovski
58 прегледи

Историска вест за македонското стопанство, вака премиерот Мицкоски ја потврди најавата дека е постигнат договор со најголемиот број банки за користење на парите од унгарскиот заем.

-Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

Премиерот нагласи дека за да добијат кредит, компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.

-Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.

Бизнисот ги чека парите од унгарскиот кредит, но и условите под кои треба да ги планираат инвестициите, што ќе донесе позитивен ефект на економијата и ќе стимулира раст.

Владата зеде кредит од Унгарија од 500 милиони евра, од кои 250 милиони се наменети за кредити во стопанството.

Владата преговара и за нови дополнителни 500 милиони евра од Унгарија, кои, според најавите, ќе бидат за отплата на еврообврзницата која доспева на крајот од јануари 2025-та.

Слични содржини