6
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната ќе биде од -8 до -2 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Температурата ќе се движи од -6 до 10 степени Целзиусови.
Во наредните денови, времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.