129
Полицијата соопшти дека пред два дена на подрачјето на Бит Пазар имало обид за грабеж на филијала за брзи кредити.
Според СВР Скопје, во 17 часот и 10 минути било пријавено дека едно машко лице со закана со огнено оружје се обиделo да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што лицето го напуштило местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, на 23-ти ноември во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари.