Каранфилова Пановска: Клучно е враќањето на довербата на слободоумните граѓани

од Nikola Popovski
66 прегледи

Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата, изјави новата заменик-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска по завршувањето на 30-ти Конгрес на партијата на кој беа избрани нови членови на ЦО на СДСМ.

Во своето обраќање пред делегатите, Каранфилова-Пановска подочи дека верува во професионалноста и амбициозноста на претеседателот на СДСМ, Венко Филипче и ќе го стави во функција сето нејзино искуство, знаење и вештини стекнати во професионалната кариера.

Каранфилова-Пановска истакна дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на довербата на слободоумните граѓани.

-Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. Нив мора да ги вратиме! И во ова лежи суштината на мојот инстинкт, порив и подготвеност да се нафатам на оваа сериозно одговорна функција, рече Каранфилова-Пановска.

При тоа, потенцираше дека мора да се случи консолидација на знаењето кое го поседува СДСМ во најширока смисла од раководство, општински организации, членови, симпатизери, поддржувачи, природните сојузници меѓу граѓанството, и тоа да се преточи и во консолидирано делување на сите нивоа.

ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон лидерот на СДСМ, велејќи дека не е ново лице на македонската политичка сцена. Оттаму ја критикуваат и одлуката на СДСМ за новата заменик-претседателка. Тврдат дека во новиот раководен состав на партијата нема нови ликови.

-Немањето визија и кадри за учество во новото раководство се гледа и по изборот на Фани Каранфилова Пановска за неговиот заменик, која е поранешна директорка на „Отворено општество Сорос“ и која ја интересираат само високите хонорарци. Во ЦО има лица кои што биле на високи партиски и државни позиции, случајно или не, во периодот кога со партијата раководел неговиот ментор и духовен водач, Зоран Заев, порачаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Новите членови на ЦО на СДСМ ќе имаат задача да назначат партиски потпретседатели и генерален секретар, кои ќе ја водат стратегијата за реформи и обнова. Првиот тест за новото раководство ќе бидат претстојните локални избори, за помалку од една година, кои ќе покажат дали со новите реформи ќе успеат да ја вратат довербата кај членството и граѓаните.

На пролет, односно во март догодина, СДСМ ќе организира избори за нов лидер откако на актуелниот Филипче му истекува мандатот. Инаку, за разлика од неуспешниот почеток на 20 Конгрес на 9 Јуни годинава, кој беше прекинат порадаи недоволниот број на присутни делегати, овој пат присуствуваат над 85% од делегатите, односни 536 од вкупно 626 делегати.

Слични содржини