Слот руши рекорди – веќе е рамо до рамо со Хидинк и Анчелоти

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Ливерпул блеска со доаѓањето на Арне Слот на клупата. Невозможно беше да се знае како ќе изгледаат „црвените“ по заминувањето на Јирген Клоп, но Ливерпул засега игра фантастично. Ова придонесе Слот да постигне нов рекорд.

Холанѓанецот се израмни со Карло Анчелоти и Гус Хидинк како тренерот кој најбрзо стигнал до десет победи во Премиер лигата. За тоа достигнување му беа потребни само 12 натпревари.

Слот брзо успеа да ја наметне својата филозофија на игра во новиот клуб и таа носи резултати досега. Ливерпул е осамен на првото место во Премиер лигата и има дури осум бода повеќе од „паднатиот“ Манчестер Сити.

Менаџерот на Ливерпул постигна десет победи против Ипсвич, Брентфорд, Манчестер Јунајтед, Бурнемаут, Вулверхемптон, Кристал Палас, Челси, Брајтон, Астон Вила и Саутемптон.

Ливерпул во наредниот период ќе има малку потежок распоред. Најпрвин ќе се соочи со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа ќе одигра дерби во домашното првенство против „граѓаните“ на Пеп Гвардиола.

Слични содржини