Менаџерот Пеп Гвардиола ја презеде одговорноста за петте последователни порази на Манчестер Сити во сите натпреварувања.
Шампионот во англискиот шампионат загуби со 0-4 од Тотенхем на својот стадион и сега заостанува осум бода зад лидерот во поредокот Ливерпул.
Голема причина за губитничката серија се повредите на клучните играчи. Од составот на „граѓаните“ отсуствуваат Родри, Матео Ковачиќ, Рубен Диас и многу други.
„Никој не сака да губи важни играчи, но тоа се случува. Мора да најдеме други опции за да се справиме со тоа. Мора да бараме различни начини за победа и тоа е моја одговорност. Ни треба постојаност. Само тогаш ќе почнеме да победуваме повторно. “, изјави Гвардиола, цитиран од Ројтерс.
Запрашан дали Сити ќе бара засилување во преодниот рок, тој рече: „Верувам во овие момци повеќе од било кога. Кога повторно ќе бидеме комплетни, ќе играме на највисоко ниво. Но, сè уште не сме таму. “