Кин: Сезоната е завршена ако Сити загуби и од Ливерпул

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Надежите за титулата во Премиер лигата на Манчестер Сити ќе испарат ако загуби од Ливерпул следниот викенд, смета стручњакот на Sky Sports, Рој Кин.

„Црвените“ имаат осум бода предност пред шампионот и ги пречекуваат на домашен терен следниот викенд.

Сити во саботата загуби на домашен терен од Тотенхем со 4-0 и го претрпе петтиот последователен пораз во сите натпреварувања. Ливерпул во неделата го победи Саутемптон на гостински терен со 3-2.

„Тоа се цели осум поени разлика. Не можам да верувам! Ливерпул беше одличен оваа сезона и ги има сите шанси да ја освои титулата. Ако продолжат да играат вака, ако ја добијат вообичаената поддршка од навивачите и ако победат против Сити следното коло, тоа ќе биде голем чекор“, изјави Кин за Sky Sports.

„Се ќе биде готово за Сити ако загуби од Ливерпул следниот викенд. Тоа е голем тест за нив, со оглед на очекувањата на тимот“.

Дербито на 13. коло во Премиер лигата започнува во недела од 17 часот по наше време на „Енфилд“.

Слични содржини