Вучиќ за судбината на Весиќ: Тој ми е пријател, а јас од нив не се откажувам

од Nikola Popovski
503 прегледи

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во оставка Горан Весиќ, кој е во притвор поради несреќата во Нови Сад, не може да влијае на сведоците, а ако сакал можел да влијае и дваесетина дена претходно, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ за телевизија „Пинк“.

На прашањето каква е судбината на Весиќ, Вучиќ рекол дека не знае, но дека не се откажува од своите другари.

„Јас не сум бог за да знам што ќе се случи и како ќе биде. Горан Весиќ е мој пријател, не се откажувам од пријателите. Мислам дека тој освен објективна одговорност не сноси вина за ова, но јас не сум човек што ќе штрајкува или ќе го руши обвинителството или судовите за било што“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател истакна и дека не ја разбира одлуката за приведување на Весиќ.

„Не се криеше, никаде нема да бега, не може да влијае на сведоците – ако сакаше, можеше да влијае и дваесет дена претходно. Не може ни да го повтори кривичното дело, повеќе не е министер“, рече Вучиќ.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Меѓу уапсените се Весиќ, директорката на Инфарсатруктура на железниците на Србија и поранешен министер за земјоделие Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на Инфарсатруктура на железниците Небојша Шурлан и помошник на министерот за железнички транспорт Анита Димоски.

По истрагата на 66 лица, истите се уапсени поради постоење основи на сомнение за кривичното дело Тешко дело против општата сигурност во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно извршување градежни работи.

Поради трагедијата во Нови Сад по оставката на Весиќ, оставка поднесе и министерот Томислав Момировиќ.

Слични содржини