Главчев: За Бугарија прашањето со Македонија е решено

од Nikola Popovski
406 прегледи

Прашањето со С.Македонија е решено во контекст на фактот дека уставните измени со одложено дејство би биле неприфатлив предлог за бугарската страна, изјавил бугарскиот технички премиер Димитар Главчев во интервју за бугарските медиуми.

На прашањето за предлогот на македонската Влада и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова – Бугарите да бидат внесени во Уставот по влезот на земјава во Европската унија, Главчев истакнал дека прашањето е решено.

„Немам како да одговорам на властите во Македонија, за Бугарија тоа прашање е решено. Има рамки во кои мора да се движат сите земји-членки на ЕУ, вклучително и оние од Западен Балкан, така што нема тема за дискусија, мислам дека Бугарија направи доволно компромиси со своето национално чувство и достоинство за да направи многу повеќе“, рекол Главчев.

Речиси еден месец по изборите во Бугарија, преговорите за формирање влада се уште траат. Доколку повторно не се постигне договор за коалиција, Бугарија ќе излезе на нови избори по осми пат во последните четири години.

Премиерот Христијан Мицкоски, во неколку наврати изјави дека се надева дека во соседната земја ќе се формира стабилна влада, со која ќе можат да седнат и да најдат решенија за деблокирање на патот на Македонија кон ЕУ.

Слични содржини