СДСМ утрово информира дека нејзиниот лидер Венко Филипче денес ќе се одржи работна средба со претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова.
Според информациите, средбата ќе биде во Кабинетот на шефицата на државата (вила Водно) со почеток во 15.00 часот.
По средбата, како што е најавено, изјава за медиумите ќе даде претседателот на СДСМ.
По конгресот на СДСМ и изборот на нови членови на Централниот одбор низа реакции во јавноста. Филипче вети нова визија, нов почеток, нова сила и одлична енергија.
Ден по собирот со свои ставови сопартијци кои не присуствуваа. Јован Деспотовски, еден од истакнатите членови на партиското претседателство во три мандати вели дека не добил покана. Порача, ако СДСМ има амбиција повторно да биде силна партија треба да биде инклузивна во политичкиот процес за изнаоѓање консензус со власта за прашања од витален национален интерес.
Од поставените кадри власта не очекува конструктивна опозиција, премиерот Христијан Мицкоски смета партијата и во иднина ќе продолжи со конструкции, измислици, дневни навреди. Локалните избори ќе бидат тест за новото раководство.
СДСМ со реакција на изјавата на премиерот. Новата сила, енергијата и ентузијазмот кој беше многу видлив на вчерашниот конгрес на СДСМ ја вознемири ВМРО-ДПМНЕ, сметаат од „Бихаќка“.
-Партијата покажа дека се издигнува по пораз, а конгресот е пресвртница во опозициското дејствување. Внесовме нова енергија во нашите редови, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.
Партијата избра нов Централен одбор и Каранфиловска-Пановска за заменик на Филипче. До крајот на неделата на седница на ЦО ќе бидат избрани членовите на извршниот одбор, потпретседатели и секретари на социјалдемократите.