Петрушевски: Апасиев му рече на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ – „кој си бе ти, само со професоре да ми се обраќаш“

од Nikola Popovski
95 прегледи

На ниту една снимка не видов дека Зоранчо Јованчев го пцуе Апасиев, а видов многу многу снимки. Кога отидов да ве смирам, слушнав дека Апасиев пцуеше се живо и диво, вака изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски обраќајки му се на неговиот колега од Левица, Борислав Крмов за минатонеделниот инцидент во Собранието и избегната тепачка меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев со пратениците од редовите на најголемата владеачка партија.

Според Петрушевски, пратеникот на Левица му се обратил на пратеникот Јане Мицевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите „кој си бе ти, само со професоре мене да ми се обраќаш“.

-Тогаш дури отиде Јованчев кон местото каде што седи Апасиев и го замолува да биде културен, на што Апасиев жестоко одговара со пцости и гадости, рече синоќа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“, додавајќи дека лидерот на Левица викал „неписмени едни“ и „се дерел“ по другите пратеници.

Во истата емисија зборуваше и Крмов кој изнесе своја верзија зошто дојде до тензиите во Собранието. Според него, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е „исфрустрирана оти извисила за извршна власт“.

-Сега таа фрустрација се исфрла кон Левица. Огромен дел од пратениците останаа само пратеници. Баш така, некои се пратеници и по 16 години, истакна Крмов до Петрушевски.

Слични содржини