Њукасл Јунајтед се најде во големи проблеми по повредата на нивниот дефанзивец Свен Ботман, кој ќе паузира меѓу 6 и 9 месеци.
Според медиумите, Њукасл е подготвен да му понуди на Рамос договор вреден 10 милиони евра за една и пол сезона.
Целта е да се искористи неговото искуство и лидерски способности, и да се пополни празнината при опоравувањето на Ботман.
Иако има 38 години, Рамос е еден од најкомплетните дефанзивци, познат по исклучителното читање на играта, физичката подготвеност и способноста да постигнува голови од прекини.
Да потсетиме, неодамна се шпекулираше за негово можно враќање во Реал Мадрид, но претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез ги демантираше тие наводи, нагласувајќи дека клубот нема да доведе нов дефанзивец и покрај проблемите со повредите во одбраната.