Порано од очекуваното: Се е подготвено за големото враќање на Кејт Мидлтон

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Месецот декември ќе го одбележи и големото враќање на Кејт Мидлтон на позицијата работен член на кралското семејство, речиси една година откако таа се „пензионираше“ поради тешка дијагноза на рак. Откако се посвети на закрепнувањето, Кејт е подготвена за сите ангажмани, а првиот што ќе го изведе нема да биде очекувано традиционален божиќен концерт, туку нешто сосема друго.

Имено, како што потврдија од палатата, принцезата од Велс ќе му се придружи на својот сопруг, принцот Вилијам во пречекот и приемот на емирот на Катар, кој пристигнува во официјална државна посета на Обединетото Кралство.

Кејт Мидлтон ќе ги пречека емирот и неговата сопруга Шеиха Џавахер на 3 декември, а потоа ќе ги придружува на Парадата на Коњаничката гарда, со која ќе биде приреден свечен пречек.

Потврдено е дека таа нема да присуствува на државниот дочек и вечера, но голема е веројатноста дека ќе им се придружи на остатокот од кралското семејство и на емирот и неговата сопруга во палатата на ручек.

Најавата за нејзиното доаѓање е „добра вест“ бидејќи тоа е и најдобар знак дека нејзиниот третман за рак, за кој исто така беше подложена на хемотерапија, помина добро и дека, откако помина неколку месеци фокусирана на своето здравје, таа е подготвена да се врати на своите обврски.

Слични содржини