НАТО ги повика земјите-членки да ѝ обезбедат на Украина ракети со среден дострел

од Nikola Popovski
51 прегледи

Парламентарното собрание на НАТО побара од своите влади да ѝ обезбедат на Украина ракети со среден дострел како оружје за „одвраќање и самоодбрана“, изјави украинскиот пратеник и заменик-претседател на парламентарната комисија за национална безбедност и одбрана, Јегор Черњев.

Според него, станува збор за ракети со дострел од 1.000 до 5.500 километри, како „Томахавк“, кои би можеле да погодат стратешки цели длабоко во Русија, пишува „UNN“.

„Украинската делегација успеа да ги убеди нашите западни колеги да го поддржат мојот предлог и да ја вклучат оваа точка во резолуцијата на следната седница на Собранието. Оваа одлука е првиот чекор што создава правна основа и им овозможува на владите на земјите-членки на НАТО да донесат соодветни одлуки“, истакнал Черњев.

Тој додал дека на последната седница на Парламентарното собрание на НАТО, Советот побарал да ѝ се овозможи на Украина да изврши напади длабоко на територијата на Русија, што го подигна ова прашање на политичко ниво.

Слични содржини