Хамас е подготвен да постигне прекин на огнот во Појасот Газа, изјави висок функционер на групата, поздравувајќи го примирјето постигнато во Либан меѓу Израел и Хезболах.
Член на политичкото биро на Хамас изјави за АФП дека го поздравува примирјето во Либан како „победа и голем успех за движењето на отпорот“, додавајќи дека Хамас е подготвен за сериозен договор за прекин на огнот и за размена на затвореници, пренесе телевизијата „BFM“, пренесува „Times of Israel“.
„Ги информиравме посредниците во Египет, Катар и Турција дека Хамас е подготвен за договор за прекин на огнот и сериозен договор за размена на затвореници“, изјави претставникот за „AFP“.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утринава во 04:00 часот по локално време.