Деспотовски: СДСМ во моментов нема луксуз да си дозволи да ги губи луѓето

од Nikola Popovski
245 прегледи

Поранешниот директор на ФИТР член на СДСМ, Јован Деспотовски смета дека најголемата опозициска партија има голем потенцијал, но тешко е времето во кое се наоѓа. Предизвиците се големи, според него. Вели дека новото раководство на СДСМ има огромна одговорност пред членовите на партијата, но и голем број членови кои не биле во неделата на Конгресот.

-Силен СДСМ ѝ е потребен на државата. Во пракса недостасува тоа што се кажува дека ние ја сфативме пораката на граѓаните. Мора да се покаже. Внимателни ги следев коментари поврзани со кадровските решенија и повеќето беа насочени кон назначувањето на новата заменик-претседателка. Тоа не е критика против, туку луѓето отворено зборуваат. Едно од придобивките во изминатите седум години е што креиравме атмосфера во која што сите луѓе зборуваат отворено за работите. За дел имам разбирање, едно е да не се согласувате. Ги разбирам критиките и времето ќе покаже колку бил вистински изборот за бекраундот на личноста, кажа Деспотовски во емисијата „Само вистина“.

Вели дека очекувал дека ќе добие покана и ќе биде присутен на Конгресот, но не добил како гостин.

-Немам ограда да ги кажувам работите така како што се, туку ако си ги криеме работите, не му правам услуга на СДСМ. СДСМ во моментов нема луксуз да си дозволи да ги губи луѓето, па и сите партии, а СДСМ најмалку. Ако партискиот врв излегува во јавност и кажува дека ќе подаде рака кон сите, што е проблемот за покана…Јас не патам затоа што не ме поканиле, но тоа е само индикатор дека некои работиме ги зборуваме, а праксата си останува иста, кажа Деспотовски.

-Си требиме крвни зрнца. Добар број на луѓе кои што во изминативе месеци се чувствуваат тргнати по настрана, затоа што во даден момент на внатрепартиските избори имале друг став или поддржувале друг кандидат. За партија како СДСМ тоа никогаш не било случај. Не можеме да дозволиме да ги губиме луѓето, додаде членот на СДСМ.

Слични содржини