Баерн нема загубено натпревар од групната фаза на ЛШ на домашен терен цели 11 години

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Во синоќешното дерби играа Баерн и ПСЖ, а победата на домашен терен за Баварците ја донесе Ким Мин Џеј, по удар со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Втор жолт картон доби Усман Дембеле во 56. минута.

За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија. Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер Сити во Минхен ги победи со 3:2. Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Нејзината серија се „протегаше“ од 2009 до 2020 година.

Оттогаш, Баерн има импресивен рекорд на домашен терен. Тој победи на 31 натпревар, а само на два ремизираше.

Слични содржини