35
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден подготвува нов пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавиле двајца американски официјални претставници за „Ројтерс“.
Според вчерашната изјава на функционер кој е запознаен со планот, администрацијата на Бајден пред заминувањето планира да му обезбеди на Киев разновидно противтенковско оружје од американските резерви, со цел да ги ослабне руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети Стингер, како и муниција за ракетните системи ХИМАРС, наведува агенцијата.
Се очекува пакетот да вклучува и касетна муниција, според информациите до кои дошол „Ројтерс“.