Тешки зборови за Мбапе од Франција: „Тој е болен човек, во него повеќе нема фудбал“

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Познатиот француски новинар Даниел Риоло зборува за психолошките проблеми на напаѓачот на Реал (Мадрид) – Килијан Мбапе. Според него, францускиот интернационалец е многу „осамен“ и „психички растроен“.

„Килијан е во лоша форма. Тоа им се случувало и на други спортисти. Се чини дека завесата веќе се спушти, дека не остана ништо (за Мбапе на фудбалски план).

Неговото семејство и роднините нека му дадат совет, да разговараат со него. Треба да се отвори за да се ослободи од она што му тежи на душата.

Гледајќи како трча да го изведе пеналот, како му се движи телото… Ова е болен човек. Тој е осамен, многу осамен“, изјави Риоло за Мбапе.

Тој беше цитиран од „RMC Sport“.

Поранешната суперѕвезда на ПСЖ промаши пенал во 61-та минута при водство од 1-0 над Ливерпул во синоќешниот натпревар. Англичаните победија на крајот со 2-0.

Слични содржини