Френк Лампард е новиот менаџер на тимот од Чемпионшип, Ковентри Сити, официјално објави клубот. Договорот на легендата на Челси со „небесносините“ е на 2 и пол години до јуни 2027 година. Негови помошници ќе бидат Џо Едвардс и Крис Џонс.
A new chapter in Coventry.
Welcome, Frank. 🩵 pic.twitter.com/YIhy3cRjb9
— Coventry City (@Coventry_City) November 28, 2024
Лампард ќе одржи состанок со играчите денес, кога ќе ја одржи и првата тренинг сесија со клубот. Поранешниот тренер на Дерби Каунти, Евертон и Челси ќе го има своето деби на чело во сабота, кога Ковентри ќе му гостува на Кардиф во осминафиналето на шампионатот.
Ковентри моментално се наоѓа на 17-то место во втората лига на англискиот фудбал со освоени 17 бодови. Целта на Френк Лампард е прво да го стабилизира клубот, а во третата сезона да избори промоција во Премиер лигата, тврдат локалните изданија.