Uber повторно под истрага

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Американската Федерална трговска комисија (FTC) истражува дали Uber Technologies ги прекршила законите за заштита на потрошувачите со својата претплата.

FTC го истражува Uber за опциите за пријавување и откажување за неговата услуга, според документите разгледани од Bloomberg. Истрагата беше отворена на почетокот на годинава. Програмата за претплата Uber One дава попусти за возења и нарачки за испорака во замена за годишен надомест. Околу 25 милиони луѓе се претплатиле на Uber One, соопшти компанијата во октомври. Uber потврди дека добил прашања за нејзината програма од FTC и рече дека соработува со истрагата.

„Ќе продолжиме да одговараме на какви било прашања што може да ги има FTC за нашите политики за откажување“, рече портпаролот на Uber, Ноа Едвардсен.

– Процесот на откажување на Uber One го следи и словото и духот на законот: Членовите на Uber One можат лесно да го откажат своето членство на апликацијата – всушност, повеќето од тие откажувања траат 20 секунди или помалку, додаде тој.

FTC ги спроведува законите за заштита на потрошувачите против компаниите кои ги доведуваат во заблуда нивните корисници за условите за онлајн претплата на услугата, особено кога станува збор за потенцијални тешкотии при нејзиното откажување.

Комисијата неодамна тужеше неколку големи компании, вклучително и Amazon и Adobe, бидејќи наводно го отежнувале откажувањето на претплатите.

Слични содржини