„Како ротвајлери трчаат и бркаат тимови“: Фердинанд воодушевен од играчите на Ливерпул

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Фудбалерите на Ливерпул вчера го совладаа Реал во рамките од петтото коло од Лигата на шампионите и го задржаа максималниот учинок во трката за титулата европски првак, а заслужија високи оценки не само поради двата гола во мрежата на „белите“, туку и поради начинот на кој го „мелеа“ тимот од Мадрид.

Тие се толку импресивни во првата сезона по заминувањето на обожаваниот и трофеен тренер на „црвените“, Јирген Клоп, што легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд мораше да „симне капа“ на тимот на Арне Слот и на водството на Холанѓанецот.

„Тие играат тимски и изгледаат како најгладни поединци. Не само што постигнуваат резултати, туку изгледаат гладни. Изгледа како да не се нахранети со години, како ротвајлери кои трчаат низ теренот и бркаат други тимови”, вели Фердинанд, кој веќе некое време е ангажиран како стручен коментатор.

А кога таквите пофалби доаѓаат од пензиониран дефанзивец од рангот на лут противник, тоа значи дека секој збор е заслужен. Не само поради игрите во ЛШ, туку и поради изданието во Премиер лигата, каде Салах и тимот ја држат лидерската позиција, со 10 победи во 12 кола.

Слични содржини