Менаџерот на Вест Хем, Хулен Лопетеги, верува дека Арсенал е „најдобриот тим во Премиер лигата“ додека лондонската екипа се подготвува да ги посети „топчиите“ во сабота, јави ДПА.
И покрај тоа што го победи Њукасл со 2-0 во понеделникот, Лопетеги верува дека неговата екипа треба да покаже повеќе на теренот за да го прекине ритамот на Арсенал, кој го победи Спортинг Лисабон со 5-1 во Лигата на шампионите оваа недела. Самиот тренер нема да биде на клупата поради акумулирани три жолти картони.
„Најважно е играчите на теренот да бидат подготвени да се натпреваруваат со, според мене, најдобриот тим во Премиер лигата и еден од најдобрите во светот“, изјави Шпанецот на денешната прес-конференција.
„Тој врши одлична работа и го води Арсенал на фантастичен начин, но ние мора да бидеме подготвени“, додаде Лопетеги за својот сонародник Микел Артета.
„Понекогаш треба да го подобрам начинот на кој ги изразувам моите чувства. Имам три картони, но тоа е во ред. Понекогаш сум премногу страствен. Се обидувам да кажам нешто и да правам гестови со рацете, но многу го почитувам судиите“, призна тој.
Арсенал е непоразен во последните три натпревари по враќањето на капитенот Мартин Одегард.
„Против Спортинг играа многу добро, но нормално Арсенал има многу решенија и играчи и има многу начини да победи. Ако треба да зборувам за Одегард, морам да зборувам за Сака, Деклан Рајс, Хаверц… тие имаат врвни играчи за два тима“, смета Хулен Лопетеги.