Португалскиот стручњак Рубен Аморим со победа дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед кога се во прашање натпреварите на „Олд Трафорд“, а пречекот што му го приредија навивачите на англискиот гигант длабоко го трогна поранешниот стратег на Спортинг.
Приврзаниците на „црвените ѓаволи“ го поздравија со овации веднаш штом стапна на тревата на легендарниот стадион, без разлика што во првиот натпревар по преземањето на клубот освои само бод против Ипсвич.
Ruben Amorim is greeted ahead of his first Manchester United home match #mufc pic.twitter.com/yNCJGOYbJO
— Rich Fay (@RichFay) November 28, 2024
„Никогаш нема да го заборавам она што ми го дадоа навивачите. Знаете, дојдов од Португалија, верувам дека половина од овие луѓе не ме ни познаваат, а ми приредија незаборавен пречек, без разлика што за нив сум никој и ништо“, рече Аморим, а потоа додаде: „Сè уште не сум можел да направам ништо со овој клуб, а тие ми дадоа поддршка. Тоа се големи работи. Ќе дадам се од себе да не ги разочарам и сега имам дополнителна мотивација да работам и нека знаат дека јас сум еден од нив“.
За потсетување, Манчестер Јунајтед во 5. коло од Лига Европа на домашен терен го совлада Бодо Глимт, кој во еден момент дури и поведе со 2:1, но Расмус Хојлунд со два гола успеа да го сврти резултатот.