14
Повозрасен шешак загина во валандовско откако во него удрило товарно возило, информираат од Струмичката полиција. Трагичниот настан се случил во текот на вчерашните попладневни часови.
-Товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово, појаснуваат од СВР Струмица.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.