Вербата на Клаудио Раниери во Матс Хумелс се исплатеше. Искусниот стратег за прв пат му ја довери улогата на стартер на искусниот Германец, кој одговори со гол во судиското надополнување за нерешени 2:2 и вреден бод на Рома против Тотенхем во Лондон во петтото коло на Лига Европа.
Поранешниот капитен на Борусија Дортмунд конечно влезе во игра од стартот на натпреварот, почетокот беше очаен бидејќи направи пенал, но крајот беше убав.
Por si no sabían donde estaba Matt Hummels. Rescatando a la Roma en el minuto 90. pic.twitter.com/MGsafdZTk2
— Apuntes de Rabona (@ApuntesRabona) November 28, 2024
„Пеналот беше изведен за десетинка од секундата, претпоставувам дека тоа го гледа само ВАР. Сепак, Хумелс беше референтна точка за нашата одбрана, ни даде мир и самодоверба, ни донесе и висок притисок иако се уште не е во врвна форма и навивачите ќе бидат многу среќни што го имаат тој шампион, на кој Германија му се восхитува“, го пофали тренерот Клаудио Раниери.
Рома по пет кола има шест бода и добри шанси да се пласира во плеј-офот на УЕФА Лига Европа.