Фудбалерот на Манчестер Сити Родри и Винисиус Жуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобри играчи за 2024 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Според ФИФА, меѓу номинираните за „Најдобрите фудбалски награди на ФИФА“ се главно играчи од Реал Мадрид, заедно со Манчестер Сити, Барселона и Баер Леверкузен, а единствен кандидат кој не игра во Европа е Лионел Меси од Интер Мајами.
На крајот на октомври, Родри ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал ја доделува на најдобриот играч од претходната година, а во финалето на тоа гласање беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше наградата бидејќи Бразилскиот фудбалер не беше награден.
Други кандидати се Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона.
Меѓу 16-те кандидати за наградата се и добитничката на „Златната топка“ Ајтана Бонмати (Барселона), Лорен Хемп (Манчестер Сити), Луси Бронз (Барселона/Челси) и Барбара Банда (Орландо Прајд).
Добитникот на Златната топка, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше номиниран за новата награда, заедно со Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).
ФИФА ќе ја додели наградата за најдобар голман, а номинирани се Андреј Лунин (Реал Мадрид), Давид Раџа (Арсенал), Едерсон (Манчестер Сити), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Џанлуиџи Донарума (Пари Сен Жермен), Мајк Мањан (Милан) и Унај Симон (Атлетико Билбао).
Исто така, светската куќа на фудбалот ќе ги награди најдобрите тренери во женска конкуренција, најдобар голман во женска конкуренција, а ќе додели и награди за најдобри голови во машка (награда Пушкаш) и во женска (награда Марта).
Победниците подеднакво ќе ги избираат навивачите, капитените, селекторите на машката и женската репрезентација и претставниците на медиумите. Во изборот за наградата навивач ќе учествуваат само навивачи, а за фер-плеј ќе учествуваат експерти. Гласањето на веб-страницата на ФИФА ќе трае до 10 декември во 23:59 часот.