Тошковски: Приведено лице кое се обидело да запали и уште едно како симнува македонско знаме

од Nikola Popovski
101 прегледи

Едно лице вчера е фатено ин флагранти како се обидува да запали македонско знаме. Друг е фатен како го симнува знамето. Благодарност до сите совесни граѓани кои што на социјални мрежи споделија ваков тип на несакани дејствија. Еден од кривично-правно настани го расветливме по добиена снимка од социјални мрежи, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за вчерашното сквернавење и уништување на македонското знаме на прославата по повод денот на албанското знаме.

За инцидентот кај ТЦ „Скопјанка“ каде што беше искинато македонското знаме пред црвен автомобил, министерот на прес-конференција информираше дека е уапсено едно лице.

Тошковски е дециден дека полицијата има капацитет да одговори и ќе одговори соодветно на сите предизвици.

-Ќе ја вратиме гордоста на Македонецот и на секој еден македонски граѓанин во Македонија. Вакви настани се случувале и претходно. Морам да повикам на разум и зрелост кај секој еден македонски граѓанин.

Слични содржини