Советник го обвини Славески дека е манипулатор и користи удбашки методи

од Nikola Popovski
83 прегледи

Вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која советниците расправаат за предлогот за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници. Советникот Горан Арсов, кој ја поднесе иницијативата за отпочнување на постапка за покачување на цената на услугата на приватните превозници, го обвини претседателот на Советот, Трајко Славески дека е манипулатор и се служи со удбашки методи.

-Ако манипулација за вас е навредливо, тогаш се служите се манипулации, рече Арсов.

На тоа Славески му рече е должен да одговори што е манипулацијата.

-Што сте вие судија? Дали сте судија? Првата манипулација е дека иницијативата е поднесена во 19:30 часот, втората е со барањето мислење до граодначалник. Вие до градоначалник поставувате ваши прашања, а не ја проследувате мојата иницијатива. Вие сте должен мојата иницијатива да ја проследите, одговори советникот од ВМРО-Народна.

Претседателот на Советот на тоа врати со зборовите: „Ајде, сакам кажам, не знам, речам. Повелете со зборот“.

Откако Славески слушна дека е обвинет како употребувал „удбашки методи“, ја прекина седницата и му рече на Арсов дека му е одземен зборот. Советникот на тоа истакна „ е за тоа ќе се прашаме“.

По паузата, продолжи вонредната седница, а Арсов продолжи со својот збор од советничката говорница.

Слични содржини