Герапетритис нè предупредува: Грција нема да толерира непочитување на Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
60 прегледи

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис изјави дека Грција нема да толерира непочитување на Договорот од Преспа и ја предупреди Македонија дека ќе има последици.

„Од наша страна секогаш се гледаше со добра намера. За жал, по изборите во С.Македонија имавме поинаква реторика. Грчката влада нема да покаже толеранција по ова прашање. Имаше сериозни отстапки за да се обезбеди прилично сложено име. Ќе останеме посветени на ова прашање и на секој начин ќе го поддржиме неговото спроведување, во спротивно секако ќе има последици“, изјавил тој во интервју за грчкото радио „Realfm“.

Додал дека тоа е меѓународен договор кој мора да се спроведува без прекин и диференцијација.

„Актуелната власт како опозиција и јас имавме негативен однос кон Договорот од Преспа. Мислам дека има сериозни правни и правно-политички прашања. Сепак, тоа е меѓународен договор кој има предност пред законите, не може да се менува еднострано. Јасно е дека двете страни мора да го почитуваат тоа“, дециден е Герапетритис.

Запрашан за коментар за тоа како се развиваат односите на Грција со Албанија и Македонија, шефот на дипломатијата рекол дека Грција води одговорна политика и, како што вели, разбира дека има такви на овие простори кои би сакале таа да се потпира на агресивна реторика.

Слични содржини