ЗНАМ: Секој има право да слави, но не смее да ја омаловажува државата

од Nikola Popovski
30 прегледи

Движење ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува вчерашното дивеење и сквернавење на државното знаме од страна на лица кои го прославуваа денот на албанското знаме. Велат дека секој има право да слави, но нема право да го омаловажува и да не го почитува другиот, како и државата.

Ваквиот чин, според ЗНАМ, покажува дека некој или некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле, школувале, работат, живеат.

-Движењето ЗНАМ – За наша Македонија може со жалење да констатира дека тоа што вчера се случуваше на многу места низ државата, а особено вандалското однесување на поединци и групи во Скопје и Куманово, со непочитување на законот за употреба на знамињата и уништување и сквернавење на нашето државно, но и знаме на Македонците е за најостра осуда.

ЗНАМ се залага за почитување на законите, за владеење на правото. Токму затоа секој што се однесува спротивно на тие воспоставени демократски принципи, мора да одговара за своите постапки, а не да се крие зад лажанта борба за национални права и слободи, порачуваат од партијата на Максим Димитриевски.

Партијата јавно ги осудува ваквите настани и ја поздравува реакцијата на Министерството за внатрешни рабаоти. Очекуваат и од Обвинителството да го заврши својот дел од работата и сите оние што го прекршиле законот да ги изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според законот.

-Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образувала, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба кривично да се одговара за тоа, стои во партиското соопштение.

Слични содржини