МВР ќе преземе дејствија за полицаецот кој го симна албанското знаме, изготвена е службена белешка

од Nikola Popovski
156 прегледи

Секој еден кој што сторил дејствие спротивно на закон, ќе одговара. Ја видов снимката. МВР ќе си ги преземе сите потребни дејствија во однос на предметното лице заради тоа што тоа лице е полициски службеник и во моментот на снимањето, вршел службени работни задачи. Информиран сум и дека за предметните дејствија е изготвена службена белешка од службеното лице кое е качено на возилото, но и од уште едно службено лице. Едното е од македонска, а другото од албанска националност, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за видеото кое кружеше на социјалните мрежи од полициски службеник кој симнува албанско знаме од бандера.

Како што може да се види на видеото, полицаецот го користи полициското комбе за да се качи повисоко и да го дофати знамето. Дел од граѓаните на социјалните мрежи го поздравија ваквиот потег.

Вчера заменик-министерот за внатрешни работи , Астрит Исени на својот Фејсбук-профил објави дека ќе има дисциплинска постапка против службеникот на МВР кој го знамето на Албанија од јарбол. Како што вели, секој службеник на МВР има обврска да ги почитува законите и симболите на сите заедници во Македонија.

Слични содржини