Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Буенос Аирес, каде во недела од 20 часот и 30 минути ќе одигра егзибициски меч против Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро кој денеска и официјално ќе се збогува од тенисот.
Двајца големи пријатели ќе стават точка на кариерата на големиот Аргентинец во спектаклот наречен „Последниот предизвик“.
Пред тоа, Ѓоковиќ од деловни причини извесно време поминал во Катар, но попатно и многу се забавувал.
Тој ја искористил можноста да ги посети тимовите во Формула 1 во Доха, а се забавувал и на други места.
Се појави видео на кое Новак е на фризер во еден од тамошните салони, а своето добро расположение го префрлил на сите околу себе. Така во еден момент го пуштил големиот хит на Нада Топчагиќ: „Jutro je“, а потоа настаналo лудило.
Посебно впечатлива е реакцијата на фризерот кој почнал да танцува во ритамот на фолк хитот кој го прослави Златан Ибрахимовиќ.
— frani2312media 📂media account (@frani2312media) November 30, 2024