Познати се имињата на сите 32 учесници на Светското клупско првенство што ќе се одржи идното лето во Америка.
Светското клупско првенство за прв пат во историјата ќе се одржи во формат со 32 екипи, а последен учесник што го обезбеди своето место е бразилск Ботафого, по триумфот над Атлетико Минеиро во финалето на Копа Либертадорес со резултат 3:1.
Ова револуционерно натпреварување, кое ветува спектакл каков што фудбалот не го видел досега, ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година.
32/32. The stage is set. ✅ 🏆 #FIFACWC pic.twitter.com/6vnDBlmU5A
— FIFA Club World Cup (@FIFACWC) December 1, 2024
На престижната листа на учесници се наоѓаат фудбалските гиганти како Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн, Јувентус, како и најголемите клубови во Јужна Америка како Палмеирас, Ривер Плата и Фламенго. Америка ги испраќа тимовите Интер Мајами и Сиетл Саундерс, додека од Азија, Африка и Океанија местата ги зазедоа Ал Хилал, Есперанс и Оукленд.
Градови домаќини се Мајами, Лос Анџелес, Атланта, Филаделфија и Њујорк, а натпреварите ќе се играат на дури 12 стадиони ширум земјата.