Знаеме колку може да биде здодевно пеглањето и се чувствуваме како да губиме време пеглајќи купишта блека, но дали знаевте дека постои одличен трик кој ќе го забрза самиот процес на пеглање?
Со помош на овој трик ќе можете истовремено да ја пеглате облеката од двете страни, а потребен ви е само еден кујнски предмет кој веројатно веќе го имате дома.
Експертката за чистење, организирање и работа низ кујна од Њујорк открива како да го направите токму тоа. На социјалните мрежи на профилот наречен „Neat Caroline“, таа го објаснила процесот на пеглање.
@neat.caroline Ironing hack with aluminum foil! #fyp #ironing #aluminumfoil #ironinghack #hometips #learnontiktok #ironingboard ♬ original sound – Neat Caroline
– Земете даска за пеглање и алуминиумска фолија. Поместете ја навлаката за даската и поставете ја алуминиумската фолија, внимавајќи да ја свртите сјајната страна на фолијата нагоре, изјавила таа во видеото што е апсолутен хит на мрежите.
Потоа вратете ја навлата на даската за пеглање и облеката испеглајте како и обично.
– Алуминиумската фолија одлично ја шири топлината, па го забрзува пеглањето. И тоа е тоа – со оваа техника ги пеглате двете страни на облеката во исто време, рекла таа, а многу корисници и пишале дека дефинитивно ќе го пробаат овој трик.