Американскиот Стејт департмент денеска го осуди нападот на каналот Ибар-Лепенац во северно Косово, барајќи да бидат пронајдени и казнети сторителите.
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер во објава на мрежата „X“ истакна дека САД ги поддржуваат напорите за пронаоѓање и казнување на одговорните и ја ценат секоја поддршка за напорите за расветлување на случајот.
Милер им се заблагодари на членовите на секторите за вонредни случаи и на другите, вклучително и на КФОР, со цел да се нормализира ситуацијата.
We condemn the 11/29 attack on Kosovo’s water supply. We will support efforts to find and punish those responsible and appreciate all offers of support to that effort. Thanks to emergency workers and others including KFOR for restoring essential supplies. https://t.co/3SvlWuIDEM
— Matthew Miller (@StateDeptSpox) December 1, 2024
Портпаролот на Стејт департментот реагираше на соопштението на американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Хованиер, кој во саботата изјави дека САД најостро го осудуваат нападот врз клучната инфраструктура кога воден канал во Зубин Поток, кој е од суштинско значење за водоснабдувањето од регионот, беше оштетен.
Во петокот вечерта во селото Вараге кај Зубин Поток се случи експлозија, при што беше оштетен каналот Ибар-Лепенац, поради што беше прекинато водоснабдувањето.