Од почетокот на минатата година до октомври годинава, црногорско државјанство добиле 1.927 државјани на Србија и 928 државјани на Русија, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Од почетокот на минатата година до октомври годинава црногорско државјанство добиле 5.026 граѓани, од кои 542 државјани на Босна и Херцеговина, а 160 државјани на Албанија, јавуваат црногорските медиуми.
Црногорско државјанство добиле и 94 државјани на Соединетите Американски Држави, 76 лица од Јужноафриканската Република, 68 од Виетнам и 65 државјани на Македонија.
Црногорско државјанство чекаат 1.794 лица.
Од јануари лани до ноември годинава почесно црногорско државјанство добиле 44 лица. Во овој период одбиени се 110 барања за стекнување државјанство.
Стекнувањето црногорско државјанство се одвива по различни основи, а најчести се приемите врз основа на брак, потекло, посебни програми или почесно државјанство.