Народната банка ги предупредува граѓаните за појава на лажни профили и лица кои се претставуваат како дел од реномирани компании

од Nikola Popovski
25 прегледи

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства.

Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски повици, е-пошта или СМС од сомнителни адреси или телефонски броеви во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или ако од вас се бара откривање на личните податоци, не започнувајте комуникација во којашто ќе ги дадете вашите лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува во име на Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса: [email protected] .

Слични содржини