Левица обвинува за кршење на работничките права во кујната на „Кромберг и Шуберт“

од Nikola Popovski
60 прегледи

Пред краток период, фирмата “ИНДУСТРИ СЕРВИС” од Скопје (која важи блиска до ДПМНЕ) успеа да склучи договор со најголемата фабрика во Битола и регионот “Кромберг и Шуберт” за подготовка на храна за вработените во оваа компанија. Информациите кои пристигнаа до нас велат дека фирмата “ИНДУСТРИ СЕРВИС” врши огромна експлоатацијата на вработените во кујната, каде што работодавачот не ги исплаќа платите за работа на празници и викенди и трети смени – што претставува сериозен прекршок на трудовото законодавство и правата на работниците, соопштија утрово од локалниот огранок на Левица од Битола.

Како што информираат од партијата, на вработените во кујната не им било дозволено во книгата за евиденција на работни часови да се потпишуваат во викенд и празници и трети смени, со цел, како што велат, фирмата “ИНДУСТРИ СЕРВИС” да не им исплаќа дополнителни финансии (како работа во празник и викенд).

-Вработените во кујната во “Кромберг и Шуберт” своите работни обрски ги исполнуваат врз база на фиксна плата која се движи околу минималната плата. Ова е срам за владата на ДПМНЕ која врши експлоатација врз работниците преку фирмата блиска до нив – “ИНДУСТРИ СЕРВИС“, потенцираат од Левица-Битола.

Партијата ќе испрати претставка до Државниот инспекторат за труд, како надлежен орган за надзор и контрола на примената на законите и прописите во областа на трудот и правата на работниците.

Слични содржини