Јуве го плати 52.000.000 евра, а тој ништо не покажа – што ќе биде со Даглас Луиз?

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Фудбалерот на Јувентус, Даглас Луиз е најголемото разочарување во овогодинешниот преоден рок што го направи италијанскиот великан.

Бразилскиот играч за врска пристигна од Астон Вила како најдобар фудбалер на тој тим и беше платен неверојатни 52.000.000 евра, но тоа досега не го оправда. Згора на тоа, одигра само девет натпревари, двапати беше стартер и двапати изнуди пенал.

Тој имаше и неколку повреди и навистина неговиот живот во Торино не изгледа добро од фудбалска перспектива.

Имаше информации дека би можел да се врати во Англија веќе во текот на зимата, но како што пишува Фабрицио Романо тоа нема да се случи. Тој ќе остане во Јувентус за да се избори за своето место во тимот. Самиот клуб нема намера да го продаде, па треба да се очекува во наредниот период да добива минутажа кај Тиаго Мота.

Како што е познато, неговата девојка Алиша Леман со него се пресели од Астон Вила во Јувентус, каде што настапува за женскиот тим. Нејзината статистика е нешто подобра, иако и таа не игра премногу. Само 451 минута и два постигнати гола. Цели 90 минути одигра само еднаш.

Слични содржини