📹Патиштата во Грција се претворија во реки, силното невреме уништи многу куќи. Има и мртви

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Страшна бура ги опустоши грчките острови Родос и Лемнос. Патиштата се претворија во реки, а бројни куќи претрпеа непроценливи штети.

Две лица на Лемнос го загубија животот. Станува збор за 57-годишен земјоделец кој се обидел да го закачи својот автомобил на трактор за да го извади од калта, а повреден е и 70-годишен маж кој ги чистел скалите по минувањето на невремето „Бора“ кога се лизнал и паднал на глава.

Главните патишта беа блокирани, а некои беа целосно уништени, како на пример Фалираки каде што патот беше пресечен на два дела.

Дождот престана, а службите се уште добиваат десетици повици за испумпување на водата. Еден куп возила останаа заробени, а според последните информации, како што пишува грчкиот портал Катимерини, бројката достигна 80.

Меѓу заробените имало деца и постари лица и сите биле успешно евакуирани. Гувернерот на областа, Јоргос Хаџимаркос, изјави дека поради невремето, евакуација на населението е извршена во „особено тешки услови“.

Многу куќи се без вода и струја. На терен има бројни екипи од општината и регионот, како и армиски екипи кои се обидуваат да ја санираат штетата. Ги преземаат сите мерки со оглед дека им се заканува ново влошување на времето. Метеоролозите предупредуваат дека се можни обилни врнежи од снег, особено во западниот дел на провинцијата Егејска Македонија и планинскиот регион Епир на северозапад.

Цивилната заштита испрати предупредување до населението за можни обилни дождови и силен ветер во централниот дел на Македонија, Тесалија, Атика и подрачјето на Атина. Со одлука на локалните власти училиштата и градинките ќе останат затворени додека не ја проценат штетата и не донесат нова одлука.

Слични содржини