Од полноќ ќе се точат поевтини горива

од Nikola Popovski
40 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 % во однос на одлуката од 25.11.2024 година.

Малопродажните цени  на бензинот ЕУРОСУПЕР БС -95  ЕУРОДИЗЕЛ  и Екстра лесно масло за домаќинство за намалуваат за 1,00 денар за литар. ЕУРОСУПЕР БС -95 изнесува 76,00 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 71,00 денари за литар, додека Екстра лесноното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 69, 50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот  ЕУРОСУПЕР БС 98 се намалува за 0,50 денари за литар, и со тоа цената на ова гориво изнесува 78,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,524 денари за кг и изнесува 42,258 денари за кг.

Од 3.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,258 (денари/килограм)

Слични содржини