Фудбалерот на Баерн (Минхен), Џошуа Кимих објави дека нема намера да чека лето за да одлучи каква ќе биде неговата иднина следната сезона. Неговиот договор со баварскиот клуб истекува на 30 јуни 2025 година и се уште не е обновен.
„Нема да чекам до лето. Ќе седнам со клубот во зима и ќе ја разгледаме целата слика. Во јануари ќе донесам правилна одлука“, објави германскиот репрезентативец во изјава за државната телевизија ЗДФ.
Кимих ги започна сите натпревари на Баерн оваа сезона, а клубот е подготвен да направи се што е потребно за да го задржи, заедно со Џамал Мусиала. Сепак, за него има сериозен интерес од Барселона.
„Ние сме во добра фаза од преговорите“, одговори спортскиот директор на Баерн, Кростоф Фројнд, на прашањето за договорите на двајцата.
Мусиала има договор со Баварците до 2026 година.