Најнови вести за фудбалерот на Фиорентина кој се онесвести за време на натпревар

од Nikola Popovski
142 прегледи

Едуардо Бове, фудбалерот на Фиорентина кој се онесвести на натпреварот против Интер се разбуди и е во свесна состојба, информира познатиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо.

Страшни сцени беа видени во 15. минута од натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер кога Бове се онесвести на теренот. Веднаш италијанскиот фудбалер беше изнесен од теренот на носилки и пренесен во болница, а сега доаѓаат добри вести.

„Позитивни вести за Едуардо Бове, ноќта поминала добро и играчот на Фиорентина бил екстубиран по речиси 13 часа. Едуардо е буден, свесен и одговара на прашања“, соопшти Романо.

По страшните сцени, мечот беше прекинат и се чекаше соопштението на Фиорентина, која објави дека Бове е на интензивна нега.

„Фиорентина и Универзитетската болница Кареги соопштуваат дека Едоардо Бове, кој изгуби свест на теренот за време на натпреварот Фиорентина – Интер, моментално е на интензивна нега. Фудбалерот на Фиорентина беше итно примен, а првите кардиолошки и невролошки тестови ја отфрлија можноста за акутно оштетување на централниот нервен систем и кардио-респираторниот систем. Бове повторно ќе биде тестиран во следните 24 часа“, се вели во соопштението.

Бове има 22 години и тоа што му се случи длабоко ја вознемири и ја потресе јавноста во Италија, но и ширум светот. За среќа лекарскиот тим реагираше брзо и Италијанецот е свесен.

Слични содржини