34
Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас доби засилување во својот тренерски тим.
Искусниот стручњак Самуел Лопес, кој беше тренер на Пабло Карењо Буста во изминатите девет сезони, му се приклучи на штабот предводен од Хуан Карлос Фереро.
Лопес веќе соработуваше со четирикратниот Гренд слем шампион.
Тоа беше во Мајами во 2022 година, потоа на последните две изданија на Квинс и на Австралија Опен во 2024 година.
Исто така, оваа сезона требаше да отпатува со Алкараз во Рим, но момчето од Мурсија не беше таму поради повреда.